Applied Materials, Inc. е компанија која обезбедува производствена опрема, услуги и софтвер за полупроводнички производи. Работи преку следните сегменти: полупроводнички системи и применети глобални услуги во сродни индустрии.
Акцијата на AMAT се наоѓа на многу силна линија на отпор која доколку ја пробие ќе стане линија на поддршка и тоа е нашата мантра кога се наоѓаме во нагорен тренд. Линијата на отпор претставува во исто време и вратна линија – neck line на inverted H&S, која ја има завршено својата формација и е најчест ценов модел кој се формира при формирање на дно и претставува сигнал за пресврт на пазарот кон нагоре. Акцијата моментално се тргува во консолидација и формира ценов модел наречен растечки триаголник – ascending triangle. Ваквиот ценов модел доколку пробие нагоре претставува продолжување на постоечкиот нагорен тренд и претставува одлична можност за отварање на долга позиција. Тоа што ни преостанува е да ја следиме акцијата и да видиме дали ќе успее да направи пробив за да поставиме налог за купување, со однапред дефиниран стоп лос и можност за потенцијална заработка 1:6, односно прв таргет $140 и втор таргет $160. Напомена, сеуште ни е потребна конфирмација за пробив.