Penny stocks” се однесува на акции од мали компании кои обично се тргуваат по цена помала од 5 долари по акција. Иако некои “penny stocks” се тргуваат на големите берзи, како што е Њујоршката берза (NYSE), повеќет акции се тргуваат на пазар преку шалтер (OTC). За нив не постои трговски под и трансакциите преку шалтер заедно со понудите се прават по електронски пат.

Овие акции обично се поврзуваат со мали компании и ретко се тргуваат што значи дека имаат недостаток на ликвидност или подготвени купувачи на пазарот. Како резултат на тоа, на инвеститорите може да им биде тешко да ги продадат овие акции бидејќи во тоа време може да нема купувачи. Исто така, поради ниската ликвидност, инвеститорите може да имаат потешкотии да најдат цена што точно го рефлектира пазарот за соодветната акција.

Поради нивниот недостаток на ликвидност, широкиот спред на куповна и продажна цена, како и поради големината на компанијата, “penny stocks” обично се сметаат за многу шпекулативни. Со други зборови, инвеститорите може да изгубат значителна сума или целата своја инвестиција.