Опциите се финансиски деривати, бидејќи нивната вредност се изведувва од вредноста на некое друго добро или некој друг финансиски инструмент: кога вредноста на носечкото средство се движи, исто така се движи и вредноста на опцијата. Постојат два вида на опции, за двете страни од секој пазар: купувачи и продавачи. Дококу Вие поседувате Кол опција (call option), Вие имате право да го купите носечкото средство по цена на отповикување на даден датум на доспевање. Според тоа, вие имате право но не и облигација, и вие ќе го реализирате вашето право да ја отповикате опцијата само доколку имате економска оправданост да го направите тоа, односно кога цената на отповикување на опцијата е пониска од преовладувачката пазарната цена. За да купите опција, потребно е да платите одредена премија. Ако поседувате Пут опција (put option), Вие не гледате да го купите, туку да го продадете носечкото средство. Во тој случај, вие имате право но не и облигација да го продадете носечкото средство по цена на отповикување на даден датум на доспевање.

Кога купувате опција, вие плаќате премија за правото да купите или продадете, и вашата максимална загуба е премијата што сте ја платиле. Ако на датумот на доспевање на опцијата цената на носечкото средство е пониска од цената на отповикување, купувачот на опцијата ќе го купи носечкото средство дирекно на пазарот за поефтино, отколку да го реализира своето право од опцијата. На истиот начин, ако на денот на доспевање цената на носечкото средство е повисока од цената на отповикување на пут опцијта, купувачот на пут опцијата ќе го продаде носечкото средство дирекно на пазарот по повисока цена, наместо да го реализира правото на неговата купена пут опција.

На другата страна на договорот за опција, треба да стои професионален инвеститор или институција. Тоа е така затоа што кога давате право на другата страна (купувачот на опција), неговото/нејзино право станува ваша обврска. Кога имателот на опција одлучи да го искористи своето право, продавачот на опција има облигација да го исполни. Имателот на опција ќе го искористи своето право кога тој/таа ќе има економска оправданост да го направи тоа, што значи дека продавачот на опција ќе претрпи загуба. Со цел да ја компензира можната загуба, продавачот на опцијата прима премија платена од купувачот, на почетокот на договорот.

На почетокот, премијата на опција е просечна вредност на очекувањето на пазарот на опцијата на датумот на доспевање. Понудата и побарувачката на пазарот се среќаваат со очекувата фер вредност. Ако учесниците на пазарот мислат дека цената е премногу ниска, тие ќе почнат да купуваат опции а продавачите ќе почнат да бараат се повисока цени за да ги акумулираат дополнителните ризици. Во исто време, учесниците на пазарот може да продаваат опции кога тие сметаат дека ценатата на опциите е премногу висока или кога едноставно сакаат да земат готовина од премијата. Во тој случај тие се надеваат дека или очекуваат дека нема да имаат обврска да го направат следното: да купат по цена повисока од таа што преовладува на пазарот или да продадат по цена пониска од пазарната.

Но, очекувањата не секогаш се остваруваат, и освен ако вредноста на опцијата на денот на доспевање не е во линија со таа на почетокот на договорот, опцијата на доспевање ќе вреди повеќе или помалку од тоа што беше првично очекувано.

Доколку сте купувач, максималната загуба што може да ја направите е платената премија, но ако вие сте продавачот загубата може да биде многу поголема од премијата што сте ја наплатиле на почетокот (неограничена загуба). И тука започнуваат проблемите. Започна да се пишува многу лошо и погрешно за опциите, дериватите и нивните корелирани ризици особено после Суб-прим кризата – “Subprime crisis”. Но, опциите и дериватите се многу корисни финансиски инструменти. Сепак е многу важно да се користат со претпазливост и компетентност. Истото важи и за ножевите. Тие не се добри или лоши, но мора да се кориостат со предпазливост и компетентност. Можеме да ги искористиме за да излупиме јаболко, да исечеме парче месо или да се исечат стапчиња во шумата. Но, ножевите може да станат и многу опасни кога се ставени во рацете на непретпазливи или некомпетентли лица. За опциите и дериватите е скоро исто.