Ризикот е концепт од витално значење, но што всушност претставува тој?
Академиците долго време го карактеризираат ризикот како еквивалент на нестабилноста. Моделот за цени на капиталот (CAPM) и теоријата за опции ја сметаат нестабилноста не само важна варијабла на пазарите, туку и како мерка за ризик. Овие идеи се делумно точни, но како што знае секој што работи на берзите, вистинската дефиниција за ризик е: „Колку пари ќе изгубам?“ Вака техничкиот аналитичар се фокусира на ризикот.
Износот на изгубените пари или потенцијално изгубените пари се нарекува drawdown – пад на инвестицијата. Се дефинира како износ од капиталот од сметката за инвестирање, кој се намалува од нејзиниот врв. Со други зборови, drawdown е колку инвеститорите би претрпеле пад на нивната сметка, доколку инвестираат на највисоката вредност. На пример, ако на сметката за тргување/инвестирање имате 10.000 евра и нејзината вредност падне на 9.000 евра, Вие сте сведок на 10% drawdown, односно 10% пад на инвестицијата. Во одредени тргувања, може да се дефинира и како износ на капитал што се намалува од сметката помеѓу влез и излез на една позиција дури и кога излезот од позицијата е над влезот, односно со добивка.
Drawdown понекогаш се нарекува „болка“ на држење на позиција. Иако нестабилноста може да придонесе за пад на инвестицијата, најголема грижа за секој инвеститор или трговец е износот што може да се изгуби.