Индексот претставува кошница од одредена класа на финансиски инструменти (акции, обврзници, трезорски записи, депозити итн.) што се користи како репер за одреден пазар или сегмент од него.
Индексот им помага на инвеститорите да ги споредат моменталните цени на пазарот со тие од минатото за да пресметаат какви резултати постигнале.
Некои индекси содржат во себе само неколку на хартии од вредност за да ја одредат нивната вредност, додека други може да содржат илјадници во него.
Зошто треба да ги користиме индексите?
- Следењето на добро познатите индекси може да ви помогне да имате увид за движењето на пазарот во целина, односно дали пазарите растат или опаѓаат.
- Следењето на помалку познати индекси може да ви помогне да видите какви перформанси има одреден пазарен сегмент во однос на пазарот во целина.
- Наместо да барате и следите индивидуални акции, инвестирањето во индексен фонд ќе ви помогне да ги пресликате перформансите од истоимениот индекс.