Народна банка на Република Северна Македонија е централна банка и следствено единствена емисиона банка во Република Северна Македонија. Нејзина основна цел е одржување на ценовната стабилност.

Линк: НБРСМ

Kомисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија ги врши следниве функции:

  • Врши контрола над целокупната документација на издавачите на хартии од вредност, презема мерки и носи одлуки за заштита на интересите на лицата кои се сопственици или инвестираат во хартии од вредност и спречува нечесни и незаконски дејствија, поврзани со работењето со хартии од вредност.
  • Издава дозволи, одобренија и согласности врз основа на Законот за хартии од вредност и другите закони во нејзина надлежност.
  • Го регулира начинот на тргување со хартии од вредност на берзите.
  • Го следи и контролира работењето на учесниците на пазарот на хартии од вредност.
  • Го следи и контролира функционирањето на пазарот на хартии д вредност.
  • Одредува стандарди на конкуренција меѓу учесниците на пазарот на хартии од вредност, како и овластените друштва за управување со фондови, односно инвестиционите фондови, по пат на контроли или на друг начин.
  • Дава согласност за именување на директори на брокерски куќи, на одделот во банката кој е надлежен за вршење на услуги со хартии од вредност, како и на друштвата за управување со инвестициони фондови.
  • Ги одобрува барањата за издавање на хартии од вредност.
  • Се грижи за законит, чесен и транспарентен пазар на хартии од вредност.
  • Ги одобрува донесувањето и сите измени на актите на депозитарот и на берзата.
  • Соработува со други институции во Република Северна Македонија и надвор од неа.

Линк: КХВ

Министерство за финансии на Република Северна Македонија

Линк: Министерство за финансии

Агенција за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело со јавни овластувања, основано во 2009 година. Правната рамка за воспоставување и функционирање на Агенцијата е пропишана со Законот за супервизија на осигурување. Агенцијата има својство на правно лице, за својата работа одговара пред Собранието на Република Северна Македонија.

Линк: АСО

Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) е основана во месец јули 2002 година со именување на директорот од страна на Владата на Република Македонија. Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување е основана заради вршење супервизија на работењето пензиските фондови со крајна цел да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови (осигурениците).

Линк: МАПАС