Управување со ризикот, зошто е важно?

Да се земе во предвид ризикот ја означува разликата помеѓу аматерите и професионалците.

Кога зборуваме за инвестиции, секогаш се фокусираме на добитната страна зошто таа ни е попријатна за зборување. За жал, таа страна е само половина од равенката на портфолиото. Другата половина е ризикот, многу занемарен аспект на управување со инвестициското портфолио, сопствено или на клиент, на кој треба да му посветиме подеднакво внимание.

Управувањето со ризикот и парите се осврнува на ризичната страна на инвестициите – начин за спречување на финансиска пропаст. Главно се занимава со тоа како да се мери и управува ризикот од загуба и според тоа како најдобро да се искористи капиталот.

Во повеќето аспекти на инвестирање, постои компромис помеѓу добивката и ризикот. Од една страна, ризикот не може да се измери прецизно а од друга страна добивката наспроти преземениот ризик е лична одлука заснована на толеранцијата на секој еден човек кон ризикот. Сите се задоволни со добивката, но различни инвеститори имаат различни погледи за тоа што и колку можат да прифатат како ризик.

За жал, добивката не е загарантирана, но ризикот е. Мерењето на ризикот и негова контрола е неделив дел од инвестициониот процес.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend