“You can’t produce a baby in one month by getting nine women pregnant.”- Warren Buffet
Со други зборови, за некои работи е потребно време и за истите не може да се брза.
Тоа е и првата работа што посакувам да ја знаев. Пред да почнете да тргувате треба да имате поставено реални очекувања. Пазарот е неограничен и секогаш има можности за инвестирање на вашите пари. Но, ако очекувате со 1.000 евра да направите милион до крајот на годината, Ви советувам веднаш да ја заборавите таа идеја.
Вторo, како правилно да користам левериџ – износот на позајмен капитал (за тргување ). Со користењето на левериџ имате можност да се изложувате во позиции во многу поголем износ од салдото на вашата сметка. Ако барате брокер за тргување само според изност на левериџ што тој ви го нуди, вие само го барате патот како побрзо да ги изгубите парите.
Третата и можеби најважна работа е улогата и значењето на правилна едукација. Ако отворите на интернет ќе најдете безброј информации, разни анализи, курсеви за тргување, семинари итн. Изборот е голем, но за жал има и многу информации кои се непотребни и не се од корист.
Советувам да ги користите советите од успешните инвеститори и да учите од нивното искуство. Тие совети се резултат на долгогодишно искуство стекнато преку нивни грешки, погрешни пресметки, неуспешни обиди. Но, тоа што ги направило нив успешни е способноста да научат од сопствените грешки и како тоа знаење да го применат во иднина.
Искуството е многу скапо и затоа е секогаш поевтино да се учи од грешките на другите.
За авторот: Снежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.
Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.
Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.