Често пати ме прашуваат за тоа како техничките индикатори работат во различни временски рамки. Краткиот одговор е да, тие работат. Подолгиот одговор следува во продолжение и објаснува дека поинаку треба да ја користите алатката во зависност од вашата временска рамка.
Многу инвеститори се заклучуваат во одредена временска рамка а потоа забораваат дека подлежат на динамиката на пазарот и во други временски рамки.
Да речеме дека портокаловата линија во цртежот подолу ја претставува цената на акцијата на вашата нормална временска рамка за инвестирање и да речеме дека хоризонтот за инвестирање е околу 6-12 месеци. Во основа се обидувате да предвидите каде оди таа портокалова линија.

Она што треба да запомните е дека поедноставената цена, како што е илустрирано во портокаловата линија, не се случува во вакуум. Портокаловата линија е всушност формирана од пократка временска рамка на врвови и долини. Ова претставува краткорочно ценовно движење.
Исто така, постои долгорочна временска рамка на повеќегодишни циклуси, што можеме да ја наречеме деловен циклус. Ова е местото каде сектори и потсектори доаѓаат во и надвор од корист. Сега кога ги додадовме овие дополнителни компоненти, илустрацијата на цените изгледа вака:

Покрај тоа што се обидувате да предвидите каде се наоѓа портокаловата линија, треба да се справите и со краткорочните флуктуации на сината линија, како и со долгорочниот тренд на црната линија.
Еве како сакам да ги објаснам употребите на техничка анализа во овие три временски рамки:

Во она што го нарекувам краткорочен пазар, од неколку дена до неколку недели, пазарите имаат тенденција да се враќаат на средина. Тоа значи дека тие во суштина се движат напред и назад и се сместуваат во среднорочен тренд. Значи, ако сте фокусирани на оваа временска рамка, треба да купувате слабост и да продавате сила.

Индикатор како “RSI” може да се користи за да се предвидат точки на пресврт на оваа временска рамка. Забележете на графиконот на акцијата на Apple (APPL) како врвовите и долините во “RSI” имаат тенденција да се совпаѓаат со врвовите и долините во 5 дневниот “RSI”. Вие исто така ќе забележите и некои разлики што се појавуваат, на пример, пониските врвови во “RSI” во септември и октомври кои се појавуваат со повисоки цени. Ова укажува на слабеење на интензитетот на последниот обид за движење на цената повисоко.
Среднорочната временска рамка е слатко место за следбениците на трендови. На временската рамка од 6-12 месеци, трендовите на пазарот имаат тенденција да продолжат. Со други зборови, треба да купувате сила и да продавате слабост.
Ова е местото каде што работат повеќето институционални инвеститори, ова е причината зошто функционира “моментумот”, и затоа повеќето институции се следбеници на трендовите.

Овој графикон на IAC покажува како “RSI” може да се користи помалку за средна реверзија и повеќе за следење на трендовите. Акцијата на IAC влезе во надолен тренд во средината на 2015 година и како што цената се спушташе пониско “RSI” се движеше помеѓу 20 и 60.
Откако се појави нов нагорен тренд во 2016 година, “RSI” се искачи на опсегот од 60 до 80. Во суштина “RSI” го потврдува во целина трендот на акцијата. Во “бикова” фаза, се додека “RSI” остане над 40, нагорниот тренд има веројатност да остане непроменет.
Вие ќе забележите во мојата илустрација за трите временски рамки каде што укажав колку треба да се користи фундаменталната анализа. Во краткорочната временска рамка, каде пазарите имаат тенденција да се враќаат на средина, техничката анализа е суштинска, бидејќи има многу малку фундаментални податоци што резонираат за таа временска рамка.
Среднорочната временска рамка сугерира “пристап кон фузирање” или мешавина од фундаментална или техничка анализа. Овде можеме да го фатиме “моментумот” на цените и да ги следиме трендовите, а исто така да ги поставиме и тие инпути со фундаментални фактори како што се растот на заработката и профитна маргина.
На најдолгата временска рамка, јас би тврдел дека техничката анализа станува се помалку и помалку релевантна, затоа што на крајот тргувањето на акции стигнува до нивното основно (фундаментално) вреднување.
Вистинската придобивка од техничката анализа е искористување на пократките временски рамки, кога акциите се одделуваат од нивните вреднувања. За долгорочните инвеститори, разбирањето на односот помеѓу средниот пресврт на краткорочните и среднорочните трендови ќе ви овозможи да ги зголемите приносите и да избегнете загуби.
Напишано за Инвест Поинт од:
Дејвид Келер, CMT
Главен стратег на пазарот StockCharts.com
Дејвид Келер, CMT е главен стратег за пазарот на StockCharts.com, каде што им помага на инвеститорите да ги минимизираат пристрасностите на однесувањето – “behavioral biases” преку техничка анализа. Тој е исто така претседател и главен стратег во Sierra Alpha Research LLC, бутик инвестициска фирма за истражување, фокусирана на управување со ризикот преку свеста на пазарот. Тој е поранешен претседател на Здружението на овластени пазарни техничари – “CMT” и неодамна работел како експерт по предметот за финансии во однесувањето – “Behaviral Finance” . Дејвид порано беше Управен директор за истражување на Fidelity Investments во Бостон , како и специјалист за техничка анализа за Блумберг во Њујорк. Неговото размислување можете да го следите на MarketMisbehaviour.com, каде тој ја истражува врската помеѓу психологијата во однесувањето и финансиските пазари.
Напомена: Овој блог е наменет само за едукативни цели и не треба да се толкува како финансиски совет. Идеите и стратегиите никогаш не треба да се користат без претходно да се процени вашата лична и финансиска состојба, или без консултација со финансиски професионалец.
Авторот нема позиција во споменатите хартии од вредност во моментот на објавување. Сите мислења изразени овде се единствено на авторот и на никој начин не претставуваат ставови или мислења на кое било друго лице или субјект.