Наспроти фундаменталните аналитичари кои сметаат дека 80% е логика и 20% е психологија на пазарот, техничките аналитичари сметаат дека на пазарот 80% е психологија и 20% е логика. Иако двете страни може да дебатираат на своја страна и да ја поддржат со докази, тоа што е несомнено точно е моменталната цена на хартијата од вредност. Цената е достапна за сите и никој не може да се сомнева за нејзината легитимност. Цената формирана на пазарот го рефлектира збирното знаење на сите учесници на пазарот. Овие учесници се согласуваат да купат или продадат под влијание на силите на понудата и побарувачката. Со анализирање на ценовните движена, со цел да се утврди која сила преовладува на пазарот, техничката анализа се фокусира да одговори на прашањата: Која е цената, Каде беше? Каде ќе оди?