За една работа можеме да се согласиме сите, а тоа е дека моменталното пазарно опкружување не е како изминатите. Ако порано FAANG акциите беа тие што го придвижуваа пазарот, сега истите тие заостануваат веќе подолго време. Со последните случувања, доаѓа до ново лидерство на пазарот и наместо да се жалиме, треба да бараме можности за остварување на профит, а за тоа е важно да погледнеме под површината.  

Одличен начин за визуелно прикажување на поширокото лидерство наспроти само неколку имиња е доколу го погледнеме еднакво пондерираниот берзански индекс S&P500. Тој ги елиминира најголемите компании според пазарна капитализација од доминација на индексот.

Подеднакво пондерираниот индекс прави нови повеќегодишни највисоки нивоа во однос на индексот според пазарна капитализација.

Истата слика може да ја видите и кај Nasdaq.

S&P500 и Dow Jones Industrial Average се заглавени под силна линија на оtпор, па оттука и понеутрален пристап. Но, ако ги следиме само идексите, многу веријатно ги пропуштаме сите можности кои се појавуваат за тоа што би можело да биде нов пораст на пазарот.