Снежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.
Нејзината цел е да допринесе за развој на регионалниот пазар преку едукација и споделување на нејзиното знаење и искуство. Сака да научи, едуцира и инспирира што поголем број на читатели за финансиските пазари и да ја тргне догмата дека инвестициите се комплицирани и тешки за разбирање.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Верува дека најголемата инвестиција што секој човек може да ја направи е да инвестира во себе и во својот личен развој. Според неа, не постојат добри или лоши инвеститори, туку обучени и необучени инвеститори.

Своето слободно време сака да го поминува во природа и да вози велосипед. Практикува јога и ја препорачува на сите.