Сѐ што треба да знаете за “stablecoins”

Stablecoins или токени кои се поврзани со одредена вредност, се едни од најмоќните алатки во крипто индустријата, но тие честопати се погрешно разбрани од учесниците на пазарот. Со сите различни опции кои се нудат на пазарот денес, може да биде тешко да се дознае кои stablecoins да се користат. Затоа, во следнаат серија од натписи ќе се обидам да ви објаснам за различните типови на stablecoins и некои од ризиците поврзани со секој од нив.

Што се stablecoins?

Како што сугерира името, stablecoin е дигитално средство кое има пазарна вредност поврзана со друго средство, често поврзано со вредноста на фиат валута како што е американскиот долар. И покрај тоа што валутите што ги поткрепуваат вредностите на овие средствата се издаваат и контролираат од централната влада, stablescoins користат различни методи за да обезбедат дека вредноста на средствата останува стабилна (или, цврсто поврзана). Додека некои од овие средства се контролирани од издавачот,  други се целосно контролирани од заедниците што користат токените. Всушност, постојат четири основни типови на стејблкоини, организирани според тоа како средствата ја постигнуваат својата вредност:

  1. Algorithmic
  2. Commodity-backed
  3. Crypto-backed
  4. Fiat-backed

Algorithmic stablecoins

Algorithmic stablecoins својата стабилност на цената ја постигнуваат со користење на софтверска програма која е распоредена во паметен договор за управување со понудата на токени на пазарот, најчесто наречена циркулирачка понуда на токен. За разлика од другите типови на stablecoin, овие токени не се обезбедени со други средства, и наместо тоа се потпираат на компјутерска програма за прилагодување на понудата на токени во однос на вкупната вредност на сите токени во оптек.

Ќе ви дадам пример за ова, за да можете полесно да разберете. Ако токенот треба да биде поврзан со вредност од 1,00 американски долар, но на пазарот се продава по цена од 1,01 американски долари, алгоритамот ќе издаде дополнително 1% од понудата на токени на пазарот за да ја намали вредноста до целната вредност од 1,00 американски долар. Од друга страна, ако токенот се тргуваше по цена од 0,99 долари, алгоритамот ќе отстрани приближно 1% од понудата во циркулација за да ја врати пазарната вредност на токенот до целната вредност. Ова исто така се нарекува „rebasing“.

Ова можеби звучи како најпрогресивно решение за постигнување на стабилност на цените, но чистото алгоритамско решение за овој проблем доаѓа со неколку прашања, особено во ситуација како „bunk run“, односно кога голем дел од  носителите на токените сакаат да бидат “исплатени” одеднаш и можат да ја бутнат цената.

Ampleforth (AMPL) е одличен пример за овој тип на „rebasing“ на algorithmic stablecoin. Ако погледнете во историја на цени за овој токен, ќе видите дека пазарната цена за токенот не е толку стабилна како што би требало.

Од друга страна, TerraUSD (UST) е исто така algorithmic stablecoin (но ги нема истите својства за „rebasing“.). Има тенденција подобро да ја задржи својата вредност поблиску до 1,00 американски долар, но сеуште е зафатен од многу повеќе нестабилност отколку што обично претпочитаат корисниците на stablecoins.

Од напишаното до сега, можеме да заклучиме дека алгоритамскиот пристап сигурно има позитивни страни како што е отсуството на централна владејачка партија што ќе ја поправа понудата или каматната стапка. Затоа, често среќаваме некои хибридни пристапи за решавање на прашањето за стабилност кои користат и алгоритамско управување и колатерализација од други средства.

Продолжува…

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend