Свесно инвестирање

Во време на информации, незнаењето е избор. Парите со себе носат голема моќ што бара и соодветно знаење за таа да се зачува и да се зголеми. Знаењето е моќ. И затоа, не е битно што работите за вашите пари, туку што правите после со вашите пари.

Повеќето од нас, кога се во прашање парите сакаме да играме на сигурно и да се чуствуваме безбедно. Стравот е тој што не тера да работиме напорно и да ги чуваме своите пари во банка на “сигурно”. Од другата страна на равенката е алчноста, каде ако ни се понуди малку поголема плата, продолжуваме напорно да работиме за да можеме да си ги дозволиме сите прекрасни работи кои може да се купат со пари. Алчноста е таа што не тера да трошиме и да се задолжуваме се повеќе кај банките кои постојано изнаоѓаат начини како да ни понудат поволни кредити и крдитни производи со кои заглавуваме уште повеќе во долгови. Тоа што не знаеме е дека тие две емоции на страв и алчност ја оддржуваат силата на илузијата за парите, и за жал многу од нас веруваат дека парите се реални. Парите се всушност измислени, парче хартија која нема никакво покрие, како куќа од карти која може да се урне во секое време.

Затоа, треба да започнеме да градиме актива. Што значи тоа? Откако почнеме да оставруваме приходи, на почеток мора да научиме да ги одржуваме трошоците на најниско ниво и парите да ги вложуваме во инвестиции кои подоцна ќе ни носат приходи со кои ќе можеме да си ги купиме сите работи кои ни представуваат задоволство, без да имаме потреба да работиме за нив. Каде да инвестираме? Постојат неколку класи на средства во кои може да инвестираме:

  • Крипто
  • Акции
  • Недвижен имот што носи приход
  • Во “стартап” компании
  • Авторски права од интелектуална сопственост

Знам дека најголема пречка со која сите се соочуваме е стравот од губење на пари. Тој страв е реален и прашањето што треба да си го поставиме е како да го поднесеме стравот од загуба? Прифаќањето на загубата е дел од играта. Загубите може да ги третираме како разходи наспроти приходите во билансот на успехот, како во еден секој бизнис. Една од разликите помеѓу богатите и сиромашните е во тоа што богатите имаат храброст и смелост да ризикуваат. Тоа што они го поседуваат е техничко знаење и храброст. Не познавам, а верувам ни вие, богат човек кој барем еднаш во животот не изгубил пари од некаква инвестиција. Од друга страна можеме да сретнеме многу сиромашни луѓе кои немаат изгубено ниту денар. Зошто е тоа така? Затоа што, сиромавиот човек игра на сигурно, односно не инвестира, поради кое и останува сиромашен.

Ризикот секогаш постои, но наместо да го одбегнуваме треба да научиме да го контролираме. За да се биде успешен инвеститор на финансиските пазари, клучот до успехот е правилно управување со ризикот – risk management.

Колку побрзо го направиме овој чекор, ќе имаме шанси да си обезбедиме посигурна финансиска иднина.

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend