Ризици при инвестирањето во обврзници !

Поседувањето на обврзници во вашето инвестициско портфолио претставува инвестиција која ви носи периодични исплати на готовина во форма на камата и враќање на главницата на денот на достасување на истата.

При инвестирањето во обврзници постојат два примарни ризици за кои како инвеститори мора да бидете свесни: ризик од промена на каматната стапка (каматен ризик) и ризик од неисполнување на обврските (кредитен ризик).

Каматен ризик е ризик од промена на цената на обврзницата како резултат на промените во преовладувачките каматни стапки. Промените во краткорочните наспроти долгорочните каматни стапки можат да влијаат на различни начини кај различни обврзници.

Кредитен ризик е ризик дека издавачот на обврзница нема да ги изврши периодичните исплати на камати или на главницата. Веројатноста за појава на негативен кредитен рејтинг на издавачот или  неуспехот го врати долгот влијае на цената на обврзницата – колку е поголем ризикот од појава на негативен кредитен рејтинг, толку е поголемо побарувањето на инвеститорот  за повисоки каматни стапки во замена за преземање на тој ризик.

Во отсуство на кредитен ризик (ризик од неисполнување на обврските), цената на обврзницата е едноставно функција на вашето побарување за поврат на инвестицијата заснована на вашите очекувања за инфлација.

Како очекувањата за инфлација и каматните стапки ја одредуваат цената на обврзницата?

  • Обврзниците подлежат на ризик од промена на каматните стапки (каматен ризик), бидејќи зголемувањето на каматните стапките ќе резултира во пад на цените на обврзниците и обратно.
  • Каматните стапки реагираат на инфлацијата: кога цените во една економија растат, централната банка обично ја зголемува својата референтна каматна стапка со цел за се “залади” економијата од прегревање.
  • Инфлацијата ја намалува реалната вредност на обврзницата (нејзината номинална вредност), што претставува особена загриженост кај инвеститорите на обврзници со подолг рок на достасување.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend