Како инвеститори, секогаш е попримамливо е кога се обидувате да влезете „пред толпата“. Сепак, тоа може да биде многу проблематичен потег, доста ризичен и скап. Како технички аналитичари, треба да бидеме внимателни при отворање на позиција, доколку сеуште нема конфирмација на пазарот, односно пред пробив на зачајна линија на отпор. Не можеме само да претпоставиме дека тоа ќе се случи. Еден одличен пример за тоа е акцијата на Micron Technology (MU).
Индустријата на полупроводници е во нагорен тренд од месец октомври минатата година, но не секоја акција учествува во тоа движење нагоре. Ако го погледнете графиконот на MU, ќе забележите дека акцијата повеќе пати ја тестираше линијата на отпор пред конечно да ја пробие минатата недела. Ако беше направено купување на акцијата на некој од претходните врвови, тоа ќе беше исклучително фрустрирачко тргување. Тековниот пробив не ни гарантира идни профити, но сега знаеме дека клучната поддршка се наоѓа на две места – првото во зоната за поддршка помеѓу 64-65 и втора, на растечкиот 20-дневен подвижен просек моментално на 63.