Зошто штедењето во доброволен пензиски фонд е добар избор?

Сите ние имаме различни желби и аспирации во текот на живот. За да ги постигнеме, потребна ни е финансиска поткрепа и соодветно на тоа инвестициона стратегија која ќе ги задоволи нашите потреби и можности. Пензиската заштеда е секако многу важен сегмент и неразделен дел од секоја инвестициона стратегија.

Со воведување на тростолбен пензиски систем во нашата земја, имате можност  во доброволниот пензиски фонд да ја надополните пензијата од Првиот и Вториот пензиски столб и да осигурите  дополнителни примања за старост.

Доброволните пензиските фондовите управуваат со вашите средства во согласност со строго утврдени правила и принципи, под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), а Банката чувар на имот ги чува средствата на Пензискиот фонд одвоено од средствата на Друштвото. Значи, Вашите пари се сигурни.

Предности при вложување во доброволните пензиски фондови се:

  • Умерен принос со умерен ризик
  • Автоматско реинвестирање на добивката
  • Професионално управување со средствата на фондот
  • Даночни ослободувања

Во следниот пример се земени две сценарија за заштеда. Ова е лесен начин да се види вистинската моќ на ефектот на вкаматувањето – реинвестирање на добивката со текот на времето со месечни уплати и  различни каматни стапки.

Прво, под претпоставка дека Ви преостануваат уште 30 години до пензионирање, периодот на инвестирање е 20 години, односно средствата ќе ги користите најрано 10 години пред возраста за стекнување на право на старосна пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Второ, за пресметка се земени два приноси, едно песимистичко сценарио со реален принос од 3% и сценарио со реален принос од 4,5%. Износот на месечна уплата е 1.000 денари или еден ручек во кафеана ?

Во дадениот пример се земени реалните каматни стапки, односно во нив е инкорпорирана промената на нивото за трошоците за живот.

Во следната табела се дадени приносите на доброволните пензиски фондови сведени на годишно ниво по периоди:

Извор: МАПАС

Доколку Вашиот избор за штедење се банкарски депозити, секогаш земате го во предвид ризикот од инфлација – ризикот од намалување на куповната моќ на парите. Каматните стапки на банките се дадени во номинален износ, кое значи дека тој износ треба да биде намален соодветно за проектираната стапка на инфлација за да добиете претстава колку ќе изнесува вистинската вредност на Вашите пари во иднина.