Отворени инвестициски фондови

Инвестициските фондови се управувани од друштва за управување со инвестициони фондови. Една од предностите на инвестициските фондови е тоа што тие овозможуваат многу мали инвеститори да се здружат и колективно да вложуваат во еден единствен фонд и стратегија. За секој фонд од друштвото, се издава проспект во кој се наведени целите на инвестицјата и според нив е структурирано и одржувано портфолиото на фондот.

Во фондот, секој инвеститор учествува пропорционално во добивката или загубата соодветно на вложениот износ.

Со инвестиционите фондови управуваат искусни портфолио менаџери кои ги распределуваат средствата на фондот и се обидуваат да  остварат капитална добивка или приход за инвеститорите на фондот.

Една од причините зошто инвестиционите фондови ги надминуваат резултатите и перформансите од повеќето инвеститори е поради тоа што тие се засновани на правила, за разлика од многу инвеститори кои донесуваат одлуки под влијание на нивните чувства и интуиција.

Доследно донесување одлуки засновани врз правилата е од суштинско значење за успех во инвестирањето.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend