Централен депозитар за хартии од вредност функционира како акционерско друштва во 100% приватна сопственост, со цел регистрирање на хартиите од вредност и сопствениците на хартиите од вредност, порамнување на трговските трансакции и вршење на нетрговски преноси со хартии од вредност.

Во моментот функциите на депозитар уредени со Законот за хартии од вредност ги извршува само Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје, и тоа врз основа на соодветна дозвола за работа издадена од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

Функции на Депозитарот согласно со Законот за хартии од вредност се:

  • регистрирање на издавањето и преносот на хартиите од вредност во Република Северна Македонија во форма на електронски запис (водење регистар на хартии од вредност);
  • давање меѓународен број за идентификација на хартиите од вредност (ИСИН) за сите емисии на хартии од вредност;
  • запишување на сопствениците на хартии од вредност;
  • порамнување на трговските трансакции според принципот „испорака наспроти плаќање“;
  • вршење на нетрговските преноси (спроведување на договори за подарок, наследство, други судски одлуки и слично);
  • овозможување услови за позајмување на хартиите од вредност;
  • следење на финансиската состојба на неговите членки со цел управување со ризикот поврзан со можно непорамнување на трговските трансакции и
  • вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.

Линк: ЦДХВ

Македонска берза за хартии од вредност

Линк: Македонска берза

Фондот за осигурување на депозити претставува специјализирана државна финансиска институција формирана со цел да обезбеди осигурување на депозитите на граѓаните во банките и штедилниците во Република Северна Македонија и обесштетување на осигурените депозити во банките, филијалите на странските банки и штедилниците, во кои настанал ризичен настан.

Под депозити, согласно законот за Фондот, се подразбираат денарските и девизните депозити, сертификатите за депозити, трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички и девизни приливи на физичките лица.

Во случај на обесштетување од страна на Фондот, поединечните депозити на едно лице во една банка, филијала на странска банка или штедилница се сметаат за единствен депозит.

Линк: Фонд за осигурување на депозити