Животното осигурување треба да биде составен дел на секој инвестициски план. Животното осигурување ги заштитува најблиските од финансиски тешкотии доколку инвеститорот почине пред да се остварат планираните инвестициски цели.

Надоместокот кој се исплаќа од осигурителната компанија во случај на смрт, може да се искористи за плаќање на трошоци кои на семејството му се неопходни за да го задржат постојниот начин на живеење, да ги вратат долговите или пак да инвестираат за нивните идни потреби (едикација на деца или дополнителни приходи за другата половина во периодот по пензионирање).

Доколку се дочека периодот на искористување на средствата од животно осигурување, тогаш овие средства се значајно надополнување на останатите извори на средства што му стојат на располагање на инвеститорот, особено во периодот по неговото пензионирање.

Со осигурувањето, исто така се покриваат и друг тип на ризици и неизвесности. Здраственото осигурување помага во плаќањето на трошоците за лекување, осигурувањето од незгода обезбедува приходи во случај на инвалидитет, додека автомобилското и осигурувањето на домот ве заштитуваат од штетите на автомобилите и домовите.

И покрај тоа што не очекувате да го искористите вашето осигурување, прв чекор кон добар инвестициски план е да се има соодвета сигурност. Недостаток од соодветно осигурување може да го уништи и најдобриот инвестициски план.

Линк: Агенција за супервизија за осигурување