Обврзницата е должничка хартија од вредност што ја издаваат корпорации и влади за да дојдат до средства за финансирање на проекти и на работењето на компаниите. Обврзниците се состојат претежно од корпоративни обврзници и државни обврзници, и можат да имаат различни рочности и износи на номинална вредност. Номиналната вредност на обврзницата е износот што инвеститорот ќе го добие кога ќе доспее истата. Обврзниците обично плаќаат редовни исплати на камати на инвеститорите и ја враќаат целата главница на обврзницата на датумот на доспевање.

Обврзниците претставуваат долг за издавачот. Овие долгови се продаваат на инвеститорите во помали делови или лотови. На пример, во нашата земја, емисија на обврзница издадена од страна на министерството за финансии со номиналната вредност од 100 милиони денари се распределува на помали делови и се нуди на инвеститорите во 10.000 лотови (1 лот = 10.000).  

Општо земено, обврзниците се сметаат за поконзервативни инвестиции за разлика од акциите. Но, како стареете тие имаат сѐ поважна улога во вашето инвестициско портфолио и затоа е неопходно да имате добра финансиска основа и познавање за нив. Во суштина, е препорачливо за сите инвеститори, од сите возрасти и со различна толеранција на ризик, да се има диверзифицирано портфолио составено од акции и обврзници.

Што треба да запомните?

  • Цените на обврзниците се обратно пропорционални со каматните стапки, па така, кога паѓаат каматните стапките се зголемуваат цените и обратно.
  • Бидејќи корпоративните обврзници се сметаат за поризични од државните обврзници, обично имаат и повисоки каматни стапки.
  • Обврзниците имаат поразлични карактеристики од акциите и нивните цени се во помала корелација со цените на акциите, кое ги прави да бидат дел од диверзификацијата на едно инвестициско портфолио.
  • Обврзниците, најчесто исплаќаат редовна и стабилна камата, што ги прави погодни за инвестирање инструменти со фиксен приход.