Новиот екосистем на Кардано (ADA)

Во моментот на пишување на статијата, Кардано се тргува на цена од $2,78 и ние сакаме да сме во долга позиција и да го поседуваме. Прв таргет е околу $3,40 и втор таргет $5. Кардано се издигна и направи нови ценовни врвови (ATH), достигајќи цена од 3 долари. ADA во моментот има пазарна капитализација 89 милијарди американски долари и се наоѓа на 3-то место.

Во прилог, ќе се обидам да ви го објаснам проектот на Кардано и што значи неговата надградба за екосистемот бидејќи мрежата продолжува да расте и да се развива.

Пртотокот Кардано е блокчејн мрежа со слој 1 – Layer 1, чија цел е да функционира слично како мрежата и екосистемот на Етериум. Најлесен начин за да разберете што значи тоа, пробајте да ја замислите мрежата на Кардано како оперативен систем за децентрализирани апликации (dApps), на сличен начин како што функционира Microsoft Windows како основен слој за програмите како што се Excel и Word. Тоа значи дека апликациите базирани на Кардано може да се развиваат за огромен број случаи, но се извршуваат, потврдуваат и обезбедуваат на мрежата на Кардано.

Проектот Кардано е започнат во 2015 година, а знакот на мрежата ADA беше објавен околу две години подоцна, во септември 2017 година. Со оглед на тоа дека основачот на Кардано е еден од ко-креаторите на Етериум, мрежата на Кардано има бројни сличности со мрежата на Етериумот, но исто така има за цел да подобро некои од “недостатоците” што ја мачат мрежата на Етериум, како што се: брзината на трансакциите, обемот и цената. И покрај тоа што знакот ADA  е стар скоро 4 години, повеќето функционалности што ќе ја направат мрежата на Кардано поконкурентна од Етеруим, сеуште не се објавени, но сето тоа се очекува наскоро. Прогресот на развојот на мрежата во последните неколку години е стабилен, но беше и малку бавен. Компанијата која стои зад развојот на протоколот, InputOutput Hong Kong (IOHK), изјави дека со текот на годините нивниот фокус е квалитетен производ а не брзина на развој. Во нивна заслуга оди и тоа што тие имаат историја на објавени ажурирања без поголеми одложувања на истите или проблеми со кодот. Но, од друга страна, тие исто така имаат изгубено и дел од пазарниот удел од страна на конкурентите, кои во меѓувреме успеаа да издадат нови производи, и покрај тоа што и тие бараат некои ажурирања и поравки на грешки.

На 12 -ти септември, ќе се појави хард вилушката „Алонзо“, со што ќе се воведат паметни договори на мрежата Кардано. Мрежата за тестирање веќе започна да работи на 9-ти август, така што многу од проектите што доаѓаат веќе се во тест фаза на развој, во подготовка за главно лансирање. Покрај ова, мрежата воведе опција за „placeholder“ за проектите кои сакаат да објават „native tokens“, кои во суштина се токени што се живи и се тргуваат на мрежата Кардано, но нема да имаат корист на мрежата се додека не се овозможи различните платформи со паметни договори да се активираат во средината на септември. Сега кога паметните договори конечно стапуваат во живо, на што треба да внимаваме? Во кратки црти, практично се што се напојува со Етериум најверојатнo ќе види конкурент изграден на мрежата Кардано. Ова вклучува децентрализирани менувачници (DEXs) како Uniswap, 1Inch, и dYdX, агрегатори на принос како Yearn Finance и Harvest Finance, хабови за децентрализирани финансии (DeFi) како Aave и Maker, менувачници за деривативни производи како Synthetix, платформи за лансирање како Polymath и Securitize, и многу други. Многу од овие проекти што ќе започнат на Кардано мрежата веќе некое време се во развој и може да се видат на тест-мрежата на Кардано, но за  „живите“ производи сигурно ќе вреди да се обрни внимание кога ќе се појават во јавноста во наредните недели.

Од друга страна, овие основни платформи и услуги ќе бидат само еден сектор во екосистемот, бидејќи паметните договори Кардано ќе овозможат и проекти кои се  фокусирани на заедницата, на пример, НФТ платформите, кои се особено релевантни во последно време. Способноста да се копаат (to mint) НФТ коини и да се складираат во паричници базирани на Кардано, најверојатно, ќе дојде многу брзо по лансирањето на паметниот договор. Дополнително, видео игрите што работат на блокчејн сега ќе бидат овозможени и ќе имаат корист од робусниот капацитет за обем на трансакции на мрежата Кардано. Всушност, можно е многу видео игри во иднина да изберат да се градат на Кардано мрежата наместо Етериум, едноставно за да избегнат некои од проблемите предизвикани од големиот обем на трансации на мрежата Етериум.

Сметам дека ќе се согласите со мене, дека овој апдејт на мрежата на Кардано е еден од најинтересните и највозбудливи во последните неколку години. Иако многу проекти се обидоа да изградат „Ethereum killer“, оваа паметна надградба на договорот е веројатно еден од најзначајните достигнувања како одговор на доминацијата на Етериумот.

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend