Нето вредноста на имотот на фондовите (NAV – net asset value) е вредноста на разликата помеѓу вредноста на имотот на фондот (односно пазарната вредност на финансиските инструменти во кои се вложени средствата на фондот) и вредноста на вкупните обврски на фондот.

Кај отворените инвестициски фондови се пресметува нето вредноста на имот по удел. Нето вредноста по удел, цената на удели во отворениот фонд е нето вредност на имотот на отворениот фонд поделена со бројот на уделите на фондот на денот на вреднување на нето вредноста на имотот на фондот. Нето вредноста на имотот на Фондот се пресметува секој работен ден и се утврдува така што прво се утврдува пазарната вредност на инструментите во кој е вложен имотот на Фондот, кои се вреднуваат согласно правилник. Пазарната вредност се одредува по важечките пазарни цени и девизни курсеви. Вредноста на поединечниот удел во фондовите ја утврдува Друштвото секој работен ден од годината.

На следниот линк можете да ги погледнете приносите на отворените инвестициски фондови.