Импликации за зреење на биковиот пазар
• Неодамна ја сменивме скромната глобална алокација од готовина во обврзници, ги зголемивме акциите на САД во прекумерна тежина, додека ги намаливме акциите на пазарите во развој на недоволна тежина, ги неутрализиравме повиците според пазарна капитализација и стил во САД и го зголемивме времетраењето на обврзниците.
• Во САД, исто така, го надградивме секторот Технологија и ги намаливме Финансискиот и Индустрискиот сектор, преминувајќи кон стратегија за неутрална алокација на секторите.
• Послаби од очекуваните економски податоци, во комбинација со пазари кои имаат многу добри вести кои се одразени во цената, може да доведат до корекција на берзата и пораст на обврзниците подоцна овој квартал.
Глобалниот раст е солиден, но постојат ризици
• Глобалните PMI* покажуваат дека растот забавил скромно во јуни, во услови на зголемени случа и на COVID и проблеми со синџирот на снабдување.
• Услугите продолжија да го надминуваат производството, додека развиените економии ги надминуваат пазарите во развој.
• И покрај скромното “икање” во PMI, водечките индикатори укажуваат на силен раст барем до крајот на годината.
*The Purchasing Managers’ Index (PMI) e е индекс на преовладувачката насока на економските трендови во производствениот и услужниот сектор.
Врв на сè?!
Дали заврши закрепнувањето од Covid?
• Компаниите со голема пазарна капитализација во САД достигнаа нови највисоки нивоа, а EM / China Tech направија нови падови (SPY, EEM, KEWB).