Приходите и расходите пораснаа во јуни, но исто така и инфлацијата.
• Приходите и трошењето изненадија во нагорна линија. Притисоците за инфлација се зголемуваат, но „преодниот“ наратив е сеуште силен.
• Расположението кај потрошувачите во јули беше отежнато поради загриженоста од инфлацијата.
• Трошоците за вработување остануваат придушени.
• Регионалната фабричка активност останува силна.
Врв во Q2 или Q3?
• Варијантата на Делта вирусот претставува закана за нашите очекувања за забрзување на глобалниот раст во Q3.
• Но, прегледот на навремените и високофреквентни статистики покажува дека закрепнувањето досега останува на вистинскиот пат.
• Покрај COVID, нерамнотежата во понудата и побарувачката може да го попречи закрепнувањето.
„Данокот“ за инфлација почнува да влијае кај расположението на потрошувачите
• Инфлацијата на потрошувачките цени е најсуровиот данок од сите, бидејќи главно влијае на сиромашните кои живеат од плата до плата без други средства.
• Вистинските неделни приходи се претвотија во негативни во текот на минатата година, што е во согласност со лошите изгледи за раст.
• Reuters/University of Michigan consumer sentiment почна да попушта.
Надолен изглед кај секторот Материјали
• Индустријата за хемикалии, трендот кај суровините и пазарите во развој негативно влијаат на материјалите.
• Резултатот од композитниот модел за материјали во рамките на месецот е на најниско ниво од март 2020 година и е втор најнизок меѓу сите сектори.
• Секторот материјали е на набљудување за намалување на рејтингот.
Извор: Ned Davis Research