Diginex Ltd. со тикер EQOS е компанија за дигитални средства за финансиски услуги која се фокусира на испорака на криптовалути и екосистем на дигитални средства. Компанијата опфаќа размена на криптовалути на EQUOS.io, како и платформа за тргување на пазар преку шалтер (OTC market). Тaa исто така нуди Diginex Access, front-to-back интергрирана платформа за тргување, Diginex Capital, инвестициони совети и Diginex Capital, услуги поврзани со чувар на имот. Компанијата е основана од Miles Christian Pelham во јуни 2017 година, а седиштето е во Хонг Конг.
Компанијата најде ниво на поддршка околку $5 и од RSI индикаторот можеме да забележиме позитивна дивергенција која укажува на тоа дека од тука можеме да очекуваме формирање на позитивен тренд нагоре. Потребно е да видиме конфирмација на цената дека корекцијата е завршена, но сметаме дека оваа акција доколку ја поседувате во вашето портфолио може да ви донесе огромна заработка која може да достигне и до 1000% принос. Секако, треба да бидете трпеливи и да го имате во предвид ризикот кои го носат овие акции кои сеуште се нови.
За авторот: Снежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.
Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.
Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.