По самоуверениот пораст на берзите во последните четири недели, пазарите стануваат несигурни пред најочекуваниот состанок на ФЕД кој што ќе се одржи оваа среда.

Нашироко следениот берзански индекс на акции во Америка, S&P500 во моментов се наоѓа на крстопат. Од графиконот можеме да забележиме дека имаме формирање на cup& handle ценов модел. Критично ниво кое сакаме да го видиме e пробив над $41.000 како конфирмација пред  да одлучиме да заземеме долга позиција. Индексот успеа да ја пробие надолната тренд линија од почетокот на 2022 година и моментално се наоѓа над 200 дневниот подвижен просек.

Дополнително, ако ја погледнеме ширината на индексот, ќе забележиме дека имаме подобрување и дека работите почнаа да се подобруваат уште минатата година во четвртиот квартал. Негативна дивергенција се случува кога има ценовни издигнувања кај индексот, додека истовремено бројот на акции кои имаат нови издигнувања се намалува. Таквите читања, на негативна дивергенција,  имаат тенденција да претходат на корекции и промени во тренот, дири и ако се привремени. Прашањето кое си го поставуваме е дали гледаме влошување на ширината или подобрување?

Како технички аналитичари, нашата задача не е да предвидуваме што следно ќе се случи на пазарот, тука да реагираме соодветно на тоа што пазарот ни кажува. Нашата задача е да го идентификуваме трендот што порано и да бидеме дел од него со цел да направиме пари, но не се обидуваме да купуваме на дното и да продаваме на врвот.