За лицата кои се членови само на Државниот пензиски фонд (Прв столб), придонесот за пензиско и инвалидско осигурување во висина од 18,8% од бруто-платата, во целост се уплатува во Фондот за ПИОСМ.

Кај членовите на задолжителниот пензиски фонд (вториот столб) од вкупно 18,4% од придонесот за пензиско осигурување од бруто-платата, 12,4% се уплатуваат во Фондот за ПИОСМ, а 6% се уплатуваат во задолжителниот пензиски фонд од вториот столб, на индивидуалната пензиска сметка на осигуреникот.

Третиот столб е доброволно пензиско осигурување каде средствата се уплатуваат индивидуално или пак ги уплатува работодавецот на пензиската сметка на членот. За овие средства не постои обврска за редовно уплатување или за висината на уплати.