Во инвестициониот свет, price-to-earnings ratio (P/E) означува коефициент цена-по-добивка.

Соодносот цена/добивка е мерка на тековната цена на акцијата на компанијата во однос на заработката по акција (пазарна вредност на акција поделена со заработка по акција).

Колку е поголем соодносот, толку е поголем износот што инвеститорот е подготвен да го плати за 1(една) парична единица од тековната заработка. Акциите кои имаат висок коефициент, генерално се очекува да ја зголемат нивната вредност, додека акциите со низок коефициент се или добро позиционирани на пазарот или се потценети.

Имајте на ум дека не можете секогаш да се потпрете на коефициентот цена-по добивка да биде најбитна од сите алатки за да одредите дали акциите на компанијата се скапи или потценети. Постојат некои значајни ограничувања, делумно заради сметководствените правила и делумно заради неточните проценки што повеќето инвеститори ги применуваат при проектирање на идните стапки на раст.

Инвеститорите може да донесуваат инвестициски решенија за купување на одредена акција врз основа на коефициентот цена-по-добивка, но повеќето инвеститори гледаат на целокупниот коефициент за одреден пазар, сектор или индустрија. Многу често велат дека берзата е преценета кога коефициентот цена-по-добивка на пазарот е над просекот. Еден потенцијален начин да се каже кога некој сектор или индустрија е прескап е кога просечниот коефициент на сите компании во тој сектор или индустрија се искачува далеку над историскиот просек.

За да имате претстава што е многу висок или низок коефициент, во Соединетите држави кога беше најголемиот врв на dot-com bubble – “дот-ком ” бумот, индексот S&P 500 на пазарот се тргуваше по коефициент цена-по-добовка блиску 40. Во период на најголем пад на пазарот, индексот S&P 500 се тргуваше со коефициент од околу 7. Просечниот коефициент цена-по-добивка за пазарот, мерен преку индексот S&P 500 е околу 14.

Македонскиот берзански индекс МБИ10 во моментот на пишување на натписот има коефициент цена/добивка кој изнесува околу 14 и се наоѓа историски на највисото ниво до сега.