Што се “Блу чип акции” ?

”Блу чип” се акции што се сметаат за едни од најдобрите, исто како и најскапите (сини) чипови во казинaта. Нивното име означува финансиска стабилност, долгорочен раст, силен учинок, па дури и престиж – сите позитивни карактеристики што доаѓаат од тоа да се биде една од најголемите светски компании и да се држи таа позиција на пазарот долго време.

Во оваа смисла, “блу чип” би можела да биде било која врвна акција, но исто така има и поконкретно значење во секојдневниот живот – осврнувајќи се на 30-те акции во индустрискиот просек „ Dow Jones Industrial Average “ или скратено „Dow“. Кога финансиските коментатори и инвеститорите зборуваат „како настапија блу чип акциите денес“, тие мислат за акциите што го сочинуваат индексот “Dow”.

Најпознатите “сини чипови” во Европа обично учествуваат во било кој од индексите DJ STOXX, бидејќи тие ги покриваат Европа, Еврозоната и Источна Европа. Покрај тоа, постојат и индекси специфични за самата земјата како што е францускиот CAC40 или германски DAX30.

Во продолжение ги издвојуваме најзначајните карактеристиките на “блу чип” компаниите:

Финансиска стабилност – имаат низок или скромен долг и силен кредитен рејтинг.

Атрактивен бизнис модел и економија – имаат одбрана позиција на пазарот и генерираат добри парични текови.

Исплаќаат дивиденди – имаат долгогодишна историја на исплата на диведенда

Раст на долг рок – имаат докажан силен раст и ветување за продолжување на растот.

Силни перформанси на акциите – цената на акциите расте на долг рок.

Голема пазарна капитализација – меѓу најголемите компании во својата индустрија според пазарна капитализација.

Овие се некои од основните карактеристики на “блу чип” акциите и додека повеќето “блу чип”акции треба да ги имаат сите овие својства, во секој даден момент може да недостасува една или две од овие карактеристики. Да не забораваме дека за време на рецесија, дури и најдобрите “блу чип” компании можат да се борат за раст на профитот. Но, долгорочно гледано, овие акции имаат одличен рекорд за генерирање на профит.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend