ПРОФИЛ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО ФОНДОТ
Сопственици на удели во Фондот можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат согласно законската регулатива. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување. Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на среден рок, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства за период над 2 години.
ЦЕЛИ И ИНВЕСТИЦИОНА ПОЛИТИКА
Преку инвестициската стратегија се дефинираат основните финансиски инструменти во кои ќе се вложуваат средствата на Фондот и начинот на кој ќе се остварат неговите долгорочни цели. Фондот има за цел да обезбеди заштита од девалвација, инфлација или дефлација преку вложување во сопственички хартии од вредност на издавачи во сегментот на производство на инвестициски и индустриски метали или индиректно преку инвестирање во ЕТФ фондови кои имаат слична инвестициска стратегија. Благородните метали и нивната употребна вредност како индустриски стоки имаат способност да ја задржат реалната вредност, односно лесно ги апсорбираат промените во општото ниво на цени и трошоците за производство, и можат да обезбедат заштита на вложувањата посебно во услови на зголемена економска неизвесност. Предности на директното вложување во компании кои произведуваат благородни метали се избегнување на проблемите со маржите, трошоците на складирање и на безбедносните ризици од физичкото чување на металите.