КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје е основано и регистрирано во мај 2005 година, во согласност со Законот за трговски друштва и Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Компанијата работи во рамките на вториот и третиот столб на реформираниот пензиски систем односно со задолжителни и доброволни пензиски заштеди. На крајот на 2009 година КБ Прво пензиско друштво започна со доброволното пензиско осигурување или 3 столб, заштеда за пензии за компании и/или поединци.
И покрај тоа што најголемиот дел од инвестициите на КБ Прво пензиско друштво се на домашниот пазар на капитал, останатиот дел од инвестициите кои се пласираат на странскиот пазар во најголем дел се во инвестициски фондови од странски издавачи.
Контакт:
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6, 1000 Скопје
е-пошта: contact@kbprvo.com.mk
Тел: (02) 32 43 772
Веб.страна: https://www.kbprvo.com.mk/