Индекси и нивна конструкција

Пред да започнеме да ги претставуваме индексите, најпрво да видиме како се пондерирани истите. Во суштина, постојат три најраспространети начини на нивното пондерирање и многу е важно да знаете каков е пондерот на компонентите/акциите кои го сочинуваат индексот. И покрај тоа што два различно пондерирани индекси се состојат од исти акции, резултираат со различни својства и придобивки за инвеститорите.

“Capitalization-weighted index or value-weighted index” – индекс пондериран според пазарна капитализација или вредност, е вид на пазарен индекс каде одделните компоненти имаат различен пондер во индексот во зависност од нивната пазарна капитализација. Пазарна капитализација претставува вкупната вредност на дадена компанија која се пресметува со множење на сите издадени акции по нивната моментална пазарна цена. Па така, компонентите со поголема пазарна капитализација носат повисок процент на пондерирање во индексот и обратно.

“An equal-weighted index” е индекс кој според своето има кажува сѐ. Сите компоненти или акции во индексот имаат еднаков пондер, без оглед на тоа дали се работи за голема или мала компанија или сектор.

“Price-Weighted Index” е индекс во кој акциите со повисока цена добиваат повисок пондер во индексот без оглед на големината на компанијата или на бројоит на издадени акции.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend