За пример ќе одбереме една од најголемите компаниите според пазарна капитализација која се тргува на меѓународниот пазар – Microsoft(MSFT).
Microsoft Corporation е американска компанија за технологија. Компанијата развива, лиценцира и поддржува низа софтверски производи, услуги и уреди. Се тргува на американската берза NASDAQ и припаѓа во секторот Технолошки услуги.
MICROSOFT CORP. (MSFT)
OPEN | 214.85 |
PREVIOUS CLOSE | 216.35 |
DAY RANGE | 210.93 – 215.70 |
52-WEEK RANGE | 130.23 – 217.64 |
ALL-TIME HIGH | 217.64 |
AVG. VOLUME (50-DAY) | 35,905,144 |
EPS (TTM) | 5.76 |
NEXT EARNINGS DATE | 10/21/2020 (AMC) |
LAST EARNINGS DATE | 7/22/2020 |
ANNUAL DIVIDEND (YIELD) | 1.99 (0.94%) |
OPTIONS | Yes |
Дивиденден принос = $годишна дивиденда / моментална цена на акцијата,
или
Диденден принос = 4x $квартална дивиденда / моментална цена на акцијата
Во дадениот пример со Microsoft, последната квартална дивиденда која е исплатена изнесува $0,51 и е зголемена за $0,05. Во моментот на пишување на текстот, моменталната цена по која се тргува е акцијата е $214.85.
Запомнете: Ако цената на акцијата оди нагоре, тогаш дивидендниот принос се намалува и обратно. Затоа, секогаш проверувајте ја последната објава за исплата на дивиденда или прогнозите за неа.
Ако ги ставиме бројките во нашата формула и пресметаме ќе го добиеме следното:
Дивиденден принос = (4 х 0,51) / 214,85 = 0,94%