Како да инвестирате во акции со мала пазарна капитализација – “Small cap stocks”

Инвестирањето во акции со мала пазарна капитализација значи успешно разбирање на ризиците поврзани со нив и како да се одделат добрите инвестиции од лошите инвестиции.

Што се акции со мала пазарна капитализација – “small cap stocks”?

Компанија со мала пазарна капитализација изнесува помеѓу 250 милиони и 2 милијарди американски долари. Акциите со мала пазарна капитализација обично се помлади компании, со пократок рок и понесигурна иднина.

Тоа што е важно, е да се разберете дека учесниците на пазарот ја одредуваат вредноста на компанијата. Кога инвеститорите зборуваат за големи, средни или мали компании, тие мислат на големината на компанијата заснована врз нејзината пазарна капитализација. За да прсметате пазарната капитализација, едноставно помножете го бројот на издадени акции (акциите што во моментот ги поседуваат сите акционери, вклучително и оние кои се во сопственост на директори на компанијата) според тековната цена на акциите наведена од берзата на која се тргуваат.

На пример, ако една компанија има вкупно 100 милиони акции и 10 долари по акција е последната цена котирна на берзата, како што е на пример Њујоршката берза (NYSE), тогаш пазарната вредност на компанијата би изнесувала 1 милијарда долари.

Зошто да се инвестира во акции со мала капитализација?

И покрај ризикот што го носат со себе, овие акции имаат голем број позитвни фактори. Во прилог ги издвојувам најубедливите причини зошто компаниите со мала капитализација заслужуваат да бидат дел од инвестициското портфолио.

  1. Огромен потенцијал за раст
    Компаниите со мала пазарна капитализација му даваат шанса на индивидуалниот инвеститор да влезе уште од самиот почеток кај овие фирми кои носат нови производи и услуги на пазарот. Тие имаат можност да растат на начини што се едноставно невозможни за големите компании.
  2. Повеќето институционални инвеститири не инвестираат во нив
    Инвестициските фондови најчесто инвестираат стотици милиони долари во една компанија. Повеќето компании со мала пазарна капитализација немаат толку голема капитална вредност на пазарот за поддршка на оваа големина на инвестиции. Ова им дава предност на индивидуалните инвеститори кои имаат можност да забележат компании што ветуваат пораст и да влезат пред институционалните инвеститори.
  3. Тие често се недоволно следени
    Малите компании поради нивната природа имаат помало аналитичко покритие и привлекуваат помалку внимание од аналитичарите на финансиските пазари. Ова значи дека на инвеститорите кои купуваат порано акции од овие компании им се нуди можност да профитираат со зголемувањето на интересот доколку “Вол Стрит” започне да го признаваа потенцијалот на овие компании.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend