Како да изберам пензиски фонд ?

Најпрво, треба да станете свесни за сопствените пари и да започнете да се грижите за својата финансиска иднина. Во спротивно, може да ја препуштите таа обврската на стручни лица кои за таа цел ќе ви наплатат провизија за извршената услуга и на крај тоа може да излезе како многу скапа одлука.

Дека инвестирањето и управувањето со пари е тешко и нејасно е догма за тие што не сакаат да инвестираат во себе и да ги научат основни правила и принципи. Доколку станете дисциплинирани и ги следите основните правила на инвестирање, ќе се уверите дека може да бидете сами свои инвеститори.

Пензијата или издвоените парични средства по пензионирањето се дел од инвестиционата стратегија на секој поединец. Затоа, изборот на задолжителен пензиски фонд треба да биде сопствен, и се што се бара од Вас да направите е да одвоите малку од своето време за да го направите најдобриот избор за вашата пензиска заштеда.

Ајде да започнеме.

Со изборот и склучувањето на договор со еден од трите задолжителни пензиски фондови, Вие добивате лична – индивидуална сметка на која Вашиот работодавец уплаќа 6% од вашата бруто плата. Тие се Ваши лични средства кои ќе ги користите како дел од идната пензија и се предмет на наследување во случај на смрт на член од фамилијата кој не остварил право на старосна пензија.

Тие  средства се управуваат од стручни и искусни лица, вложувајќи ги во сигурни финансиски инструменти по строго утврдени правила во согласност со одредбите од Законот, Проспектот и Статутот на фондот.

Дали некој од Вас се запрашал каде пензиските фондови ги инвестираат вашите пари?

Пензиските фондови се едни од најголемите инвеститори на домашниот пазар на капитал и најголем дел од своите средства ги инвестираат во инструменти со фиксен приход, поточно во домашни државни обврзници.  

Задолжителниот пензиски фонд на Сава пензиско друштво АД Скопје се стекнува со значајно учество во сопственичката структура на македонските блу-чип компании. На странските пазари средствата на пензискиот фонд покрај во акции на компании се инвестираат и во обврзници издадени од Влади и Централни Банки на земјите членки на ЕУ и ОЕЦД кои ги задоволуваат критериумите за висок кредитен рејтинг и нудат соодветен принос наспроти ризик.

Средствата во задолжителниот пензиски фонд на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје се инвестираат на домашниот пазар на капитал, а во странство најголем дел во инвестициски фондови, главно, во индексни фондови. Целта на инвестициите во акции е да се максимизира  долгорочниот реален  раст на средствата, додека со инвестициите во инструменти со фиксен принос се очекува  да се генерира стабилен приход и да се обезбеди заштита на портфолиото.

Триглав отворен задолжителен пензиски фонд, според последните податоци, сите средства ги инвестира на домашниот пазар на капитал.

Во прилог е даден приносот на задолжителните пензиски фондови сведен на годишно ниво по периоди:

Извор: МАПАС

*Приносите од минатото не се индикација или предвидување за идните приноси.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend