“Во услови на висока стапка на инфлација потребно е да имате стратегија како вашите приходи и заштеди да растат и да го достигнат општото зголемување на цените на производите и услугите.”

Последните резултати за стапката на инфлацијата беа поголеми од очекувањата, кое предизвика дополнителни шпекулации на пазарите дека проблемите со синџирот на снабдување и геополитичките тензии може дополнително да ја зголемат инфлацијата во втората половина од годината. Инвеститорите во услови на глобална наизвесност бараат засолниште во златото.

Зголемената инфлација генерално се смета за непожелна, бидејќи повисоките цени може да ви наштетат ако живеете со фиксна плата или имате ограничени заштеди во банка. Инфлацијата ја намалува вашата куповна моќ бидејќи повисоките цени значат дека треба да трошите повеќе за истите стоки и услуги и затоа е потребно да имате стратегија и да бидете во чекор со инфлацијата.

Како треба да управувате со вашите заштеди за да останете понапред од инфлацијата? Каде треба да ги ставите вашите парите?

Ако сакате да ги диверзифицирате вашите инвестиции, можете да се обидете да инвестирате  во благородни метали како златото и среброто.

Цените на златото историски имаат позитивна корелација со зголемената инфлација, што значи дека кога инфлацијата расте, побарувачката за злато исто така се зголемува.

Во текот на втората половина на 2022 година, златото ќе се соочи со два клучни спротивставени фактори: повисоки номинални каматни стапки и посилен американски долар.

На графиконот подолу е прикажана силната колерација помеѓу цената на златото и реалните стапки. Реалните стапки ја мерат разликата помеѓу очекувањата за инфлацијата  и приносите на државните обврзници.

Според тоа што можеме да забалежиме од графиконот, цената на златото би требало да падне на околу $1400 за да ги достигне реалните стапки.

За да се нормализира корелацијата, или цената на златото значително ќе падне, или реалните приноси нагло ќе паднат.

 

https://realinvestmentadvice.com/

Сепак, негативниот ефект од овие два двигатели може да биде неутрализиран со други, поддржувачки фактори, вклучително и високата инфлација, нестабилноста на пазарот поврзана со промените во монетарнатите политики и геополитичките тензии. Сето ова ја наметнува потребата од ефективни хеџ стратегии, кои ги надминуваат потенцијално повисоките корелации помеѓу акциите и обврзниците. Во овој контекст, стратешката и тактичката улога на златото најверојатно ќе остане релевантна за инвеститорите, особено додека неизвесноста останува зголемена.

Една од најголемите причини да го вклучите златото во вашето портфолио е заштитата од инфлација. Како средство за складирање вредност, историски гледано златото успева да се справи прилично добро со текот на времето. Инфлацијата може да ја намали потрошувачката моќ на вашите пари, но златото може да ви помогне да се заштитите од таа загуба на вредноста.

Повеќето проценки сугерираат дека инвестициите во злато треба да бидат помеѓу 5% до 10% од вашето портфолио.

Физичкото злато и сребро се материјални средства што можете да ги држите во рака, се преносливи, се многу ликвидни и можат да се продаваат речиси насекаде во светот, вклучително и во нашата земја.