“Неспорен факт е дека сите сакаме повеќе пари! Тие ни го олеснуваат животот, ни овозможуваат поголем комфорт и поголема сигурност. Не е лесно да се заработат, но уште потешко е да се заштедат и правилно да се вложат, за потоа тие да пристигаат без да работиме за нив.”

Едно е сигурно, нема ништо поубаво од тоа ”Вашите пари да работат за Вас”, со други зборови да заработувате и додека спиете.  За ова немаме дилеми, но како да го постигнете тоа? Најпрво треба да бидете свесни дека никој друг нема да започне да се грижи за вашите пари, доколку вие самите не го напрвиме тоа. Второ, тоа што треба да научите е да започнете првилно да размислувате што е актива и пасива низ призмата на готовинскиот тек. Верувам дека во школо многу погрешно не учеле кога ни кажувале дека секој недвижен имот треба да се смета за актива. Ќе се обидам да Ви објаснам низ еден пример. Дококлу поседувате стан или куќа, тоа за вас претставува пасива затоа што вие имате фиксни, режиски трошоци за неговото поседување, односно одлив на пари.  Но, ако вие решите да го изнајмувате тој имот и доколку приливите што ги добивате се повисоки од трошоците што ги имате за негово одржување, тогаш и само тогаш тој недижен имот ќе претставува за Вас актива.

Прочитај повеќе