Инструменти со постојан приход !

Што се инструменти со постојан приход ?

Инструментите со постојан приход се вид на инвестиција, којашто обезбедува поврат од инвестицијата на фиксни, периодични исплати во форма на камати и враќање на главницата на денот на доспевање. За разлика од хартиите со варијабилен доход, кај овие инструменти плаќањата се познати однапред.

Што треба да запомните?

  •  Хартиите од вредност со постојан приход им обезбедуваат на инвеститорите прилив на фиксни периодични приливи и враќање на главницата на денот на достасување.
  • Обврзниците се најчестиот вид на инструмент со постојан приход, но тука спаѓаат и сертификатите за депозит, инструментите на пазарот на пари и приоритетните акции.
  • Сите обврзници не се создадени подеднакво. Со други зборови, различните обврзници имаат различни услови, како и различен кредитен рејтинг што им се доделува врз основа на финансиската одржливост на издавачот.

Министерствата за финансии на одделните држави гарантираат за издадените од нивна страна државни хартии од вредност со постојан приход, правејќи ги овие инвестиции со многу ниски ризици, но исто така и инвестиции со релативно ниски приноси.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend