Инструментите со постојан приход се вид на инвестиција, којашто обезбедува поврат од инвестицијата во форма на фиксни, периодични исплати во форма на камати и враќање на главницата на денот на доспевање. За разлика од хартиите со варијабилен доход, кај овие инструменти плаќањата се познати однапред.
Што треба да запомниме?
- Хартиите од вредност со фиксен приход им обезбедуваат на инвеститорите прилив на фиксни периодични приливи и враќање на главницата на денот на достасување.
- Обврзниците се најчестиот вид на инструмент со фиксен приход, но тука спаѓаат и сертификатите за депозит, инструментите на пазарот на пари и приоритетните акции.
- Сите обврзници не се создадени подеднакво. Со други зборови, различните обврзници имаат различни услови, како и различен кредитен рејтинг што им се доделуваат врз основа на финансиската одржливост на издавачот.
- Министерствата за финансии на одделните држави гарантираат за издадените од нивна страна државни хартии од вредност со фиксен приход, правејќи ги овие инвестиции со многу ниски ризици, но исто така и инвестиции со релативно ниски приноси.