Сите се соочуваме со истата дилема. Кој е подобар избор за нашите пари, дали да ги орочиме во банка или да ги инвестираме? Во продолжение сакам да ги посочам основните карактеристики и на двете опции кои ќе Ви помогнат да го пронајдете вашиот избор.

Но, дали штедењето е без ризик? Не сосем. Каматните стапки во последните неколку години постојано се намалуваат и се сведени на минимум, а во некои земји се негативни. На прв поглед парите се осигурани, но ризикот е дека не може да се победи инфлацијата. Тоа значи дека со текот на времето, куповна моќ на парите се намалува.

Затоа, за почеток можете да размислувате за поедноставна форма на вложување на вашите средства во еден од доброволните пензиски фондови во нашата земја, кое претставува одлична алтернатива на класичното штедење.

Пензиските друштва во Македонија, во својата инвестициона полика имаат за цел да остварат соодветен долгорочен принос на вашите средтва и прават напори за остварување на номинална стапка на принос од најмалку 3 процентни поени над стапката на инфлација.*

Инвестирањее исто така издвојување на дел од вашите пари за во иднина. Најпрепознатлив начин на инвестирање е купување на акции на компании или купување на удели од фондови каде веќе имате спремна кошница од различни хартии од вредност кои се управувани од професионални портфолио менаџери.

Кога инвестирате, Вие ги вложувате вашите пари во финансиски инструмент за кој верувате дека неговата вредност ќе порсне со текот на времето. Но, тука сте изложени на друг вид на ризик – пазарен ризик. Тоа значи дека вредността на вашата инвестиција ќе се движи во двете насоки и вашиот поврат од инвестицијата исто така може да флуктуира и не е гарантиран.

Затоа треба да се стремите да инвестирате на рок подолг од 5 години. Подолгиот инвестициски период ќе ви овозможи вашата инвестиција да се опорави доколку изгуби од вредноста. Со изготвување на инвестициски план за тоа кога би сакале да ги имате на располагање вашите пари и колкава е вашата толеранција на ризик, многу полесно ќе можете да управувате ризикот што ќе го превземете.

Следниот графикон ви дава одлична претстава зошто треба да инвестирате во акции наместо да ги орочувате парите во депозити и останати кеш еквиваленти.

Зошто треба да се превзете ризик? Како прво, сите инвестиции не носат еднаков ризик. Придобивките од превземањето на пресметан ризик Ви овозможува потенцијално да заработите многу повеќе пари откоку ако ги инвестирате во штеден влог.

Доколку се одлучите да инвестирате сами и да креирате свое инвестициско портфолио, инвестирајте во вашиот личен развој со избор на правилна финансиска едукација. Тоа ќе ви даде самодоверба за следниот чекор.

Останете фокусирани на можноста СЕГА да ја промените вашата иднина, нешто за што ќе се стремите без резервација.

*Остварениот принос не е гаранција за идните приноси на доброволните пензиски друштва.

За авторот: Снежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.