Кога инвестирате на берзата, како инвеститори имате некоку стратегии што можете да ги примените за да заработите пари.

Една позната стратегија е да купите акции со голем потенцијал за раст – “growth stocks”. Тоа се компании кои ги зголемуваат своите приходи со побрзо темпо од просечно.

Компаниите што можат да го сторат тоа во подолг временски период, имаат тенденција да бидат наградени со повисока цена на акциите, овозможувајќи им на инвеститорите да заработат голем поврат на нивната инвестиција преку зголемување на вредноста на капиталот (капитална добивка). Но, да не заборавите: компаниите со висок потенцијал за раст носат со себе и ризик, па затоа е важно да ги знаете основните карактеристики за тоа што повлекува со себе инвестирањето во овие компании , ризиците поврзани со нив и како да ги минимизирате истите пред да започнете со инвестициона стратегија.

Кои се “Growth stocks”?

“Growth stock” е акција на компанија која се очекува да го зголеми својот профит (или приход) со многу побрза стапка од просечниот принос во својата индустрија или на пазарот во целина. Општо земено, колку побрзо компанијата може да го зголеми својот профит, толку побрзо треба да порасне цената на нејзините акциите.

Но, не секоја компанија со голем потенцијал за раст е иста, што значи потребно е да се направи проценка на ризикот и неопходно е постојано свесно следење на компанијата во пораст и потребите на пазарот. Инвестициите во компании за раст можат да донесат големи награди, но исто така носат некои од најголемите ризици.

Умешноста како да се идентигикуваат најдобрите компании и нивно долгорочно опстојување на пазарот, лесно може да резултира со високи принос на вашето портфолио.