Од почеток на годината до денес секторот за комуникациски услуги  XLC е најсилниот сектор (+22,42%), победувајќи го технолошкиот секторот (XLK, + 20,52%).

На графиконот можеме да забележиме формирање на inverted H&S – обратен шаблон на главата и рамениците кој е на работ на избивање на вратната линија.  Ако се случи пробив кај овој сектор, тоа што би требало да видиме е пораст кај интернет индустријата и индистријата за емитување и забава.

Во таа насока, една од акциите од интернет индустријата што го привлече нашето внимание е токму Pinterest, Inc. (PINS).  И покрај нестабилноста на пазарот минатата година, акцијата резултираше со одлична апсолутна и релативна сила и после неколку недели корекција од почетокот на годината, изгледите се дека акцијата повторно зема замав и е спремна за пробив. Доколку видиме јасен пробив над $30 ние сме спремни да ја поседуваме оваа акција со одлична можност за потенцијална заработка со ризик наспроти заработка 1:7.