Зошто треба да инвестираме во DeFi?

Криптовалутите се едни од најбрзо растечките средства на пазарот. Со развој на Финтек индустријата и се помалата употреба на книжни пари, светот станува целосно дигитален и меѓусебно поврзан. Кешот односно книжните пари агресивно девалвира и недовербата кај владите станува се поголема. Исто така, гледаме како хеџ фондови, институционали инвеститори и милјардери започнуваат да инвестираат во крипто. На кратко, се случува крипто револуција и сега постои можност и за нас,  обичниот народ,  да бидеме дел од неа која се случува токму сега и која може да ни го смени животот на подобро засекогаш.

Што ако ви кажам дека наместо да ги чувате вашите пари во банка и добивате 0,50% принос (ако имате среќа),  можете истите тие пари да ги инвестирате во DeFi апликации и да заработите 5X и повеќе поголем принос, речиси без да правите нешто? Едноставно да оставите парите да работат за вас.

DeFi е кратенка за „децентрализирани финансии“, широко прифатен термин кој се користи за различни финансиски апликации со криптовалути или блокчејн насочени кон избегнување на финансиските посредници. Најпростата дефиниција за терминот финансии е да ги поврзе лицата со вишок на парични средства со тие на кои им требаат парични средства, или со други зборови финансиите се дефинираат како управување со пари и вклучуваат активности кои имаат за цел да ги олеснат договорите помеѓу заемодавателите и заемопримачите. Начинот на кој банките заработуваат е ист. Банките ги земаат вашите слободни парични средства од штедни книшки, орочени депозити и ги позајмуваат на оние клиенти на кои им се потребни пари. Па така, главна цел на децентрализираните финансии е да го рекреира целиот банкарски систем без посредници –middleman, при што парите од вашите заштеди се враќаат дирекно на вас а не на институциите кои се јавуваат како посредници. Децентрализираните финасии ги реплицираат постоечките финасиски услуги на многу поотворен и транспарентен начин, особено фактот што DeFi не се потпира на посредници и централизирани институции, туку врз основа на отворени протоколи и децентрализирани апликации. Кај децентрализираните финансии, трошоците за корисниците се драстично намалени бидејки компјутерски протокол ги олеснува трансакциите помеѓу заемодавачот и заемопримачот – што всушност претставува основна функција на една банка. Наместо банкарите да издаваат камати и услови за користење на заем, “smart contracts” т.е компјутерски програми го прават тоа автоматски што на крајот допринесува за многу поголем принос за заемодавателот! Традиционалните финансиски институции се поставени на тој начин што ви е потребна нивна дозвола за да пристапите до вашите пари и не секогаш тоа е достапно. Кога финансиска институција ги држи вашите пари, тие одлучуваат што ќе прават со нив. Тие ви диктирааат услови како што се: кога можеш да направиш трансфер, на кого можеш да префрлиш пари, како можеш да ги пратиш парите и многу често потребно е да им кажете зошто правите трансфер и праќате пари. И не само тоа, доколку се посомневаат во трансакцијата имаат право да ви ја “замрзнат ” сметката – “A guilty until proven innocent” статус додека се прави истрага и се додека не ги прифатите нивните услови.

Проблемот е тоа што банките се дизајнирани да бидат скапи, бидејки тие се профитни организации и во последно време нудат скоро приближно до нула каматна стапка на вашите депозити. Згора на тоа, покрај огромните камати кои ги наплаќаат на клиентите кои позајмуваат пари, банките алчно и неправедно наплаќаат многу мали суми за помали услуги кои им служат за покривање на режиските трошоци додека им делат “juicy” дивиденди на своите акционери и бонуси на менаџментот. Проблемот јасно се сведува до т.н. middlemans или посредниците кои банките ги прават бавни, скапи и неусогласени со потребите на нивните клиенти.

Традиоционалните финансии и банкарската индустија е зрела за нарушување кое може да се согледа од лошото банкарско искуство до сега. Како што вели Howard Lindzon “Banks are not dead, they are walking dead”.

Во прилог, може да ги видите приносите доколку со вашите пари купите “stablecoins”  и истите ги позајмите на некоја од DeFi апликациите во споредба со приносите кои би ги добиле на истите пари орочени во депозит во некоја банка.  “Stablecoins” е вид криптовалута чија вредност е врзана за надворешно средство, како што се американскиот долар или златото, за стабилизирање на цената. Со други зборови, вие поседувате “токенизирани” долари.

За авторотСнежана Поповска е дипломиран економист, прва во регионот сертифициран CMT (Овластен берзански техничар) од страна на CMT Association (Асоцијација на берзански техничари), CFTe (сертифициран финансов техничар) од страна на IFTA (Меѓународна федерација за техничка анализа), член на комисијата за стручно усовршување во рамки на АЦИ Македонија како и овластен инвестиционен советник од страна на KХВ на Македонија. Личност која освен своите стекнати меѓународни сертификати поседува долги години искуство токму во областа на финансиски пазари и меѓу банкарски односи.

Снежана има љубов кон техничката анализа и верува дека однесувањето и психолошките аспекти на трговијата и инвестирањето може да се управуваат со соодветно образование и систематско тргување.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба.

Напишете коментар

Disclaimer

Напомена:  Сите текстови, техники, графикони, анализи или резултати презентирани на страната на Инвест Поинт се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција спред вашата финансиска состојба. Инвест Поинт и неговите соработници нема да бидат одговорни за вашите инвестициони одлуки.
Send this to a friend