Вашата идна пензија од Пензискиот фонд од Вториот и/или Третиот пензиски столб во голема мера зависи од вредноста на сметководствената единица.

Доколку имаш уплата од 1.000 денари како придонес, по пресметка на влезна провизија од твоето Друштво (во моментот влезната провизија е 2,25%) ќе се добие нето уплата од 975 МКД. Нето уплатата се конвертира во сметководствени единици на датумот на уплата. Доколку вредноста на сметководствената единица на датумот на уплата е 100 МКД, тоа значи дека имаш 9,75 сметководствени единици. Секој осигуреник за време на својот работен век собира сметководствени единици кои служат за пресметка на состојбата на неговата пензиска сметка и од чија вредност ќе зависи висината на пензијата.

По извесно време, доколку сметководствената единица се зголеми на 110 МКД, состојбата на твојата сметка ќе изнесува 1072,5 МКД (9,75*110=1072,5 МКД).

Оттука, колку е поголема вредноста на сметководствената единица, толку повеќе пари имате на Вашата сметка.