Луѓето се највредното богатство за секој бизнис или институција, но секогаш е прашање како да ги изнесат своите најдобри квалитети, како за себе така и за компанијата.
Како добриот работодавач се грижи за своите вработени ? Не секогаш платата е единствениот начин преку кој можете да ги признаете и почитувате квалитетите на своите вработени.
Зошто тоа да не бидат професионални пензиски шеми, преку кои работодавачите ќе донесат одлука да финансираат дополнително пензиско осигурување за своите вработени.
Осигурителот, односно работодавачот има право слободно да ја одредува висината на уплатениот износ и фреквенцијата на уплата за секој учесник поединечно, а промената на висината и фреквенцијата на уплатата не влијае на правото на членство во фондот.
Исто така, кај професионалните пензиски шеми организирани од страна на работодавците за своите вработени е пропишан следниот даночен третман:
За придонесите на професионалните сметки не се пресметува и плаќа данок на личен доход, доколку уплатениот износ по осигуреник во рамките на една календарска година е во висина до две просечни месечни бруто-плати во Република Северна Македонија, објавени во јануари во тековната година, според податоците на Државниот завод за статистика.
Тоа значи дека трошоците по основ на уплатените придонеси, во износ до пропишаниот лимит, претставуваат признаени расходи за даночни цели при пресметка на данокот на добивка.
На овој начин, компаниите имаат олеснителен даночен третман во споредба со трошокот што би го имале за зголемување на плата на своите вработени за придонеси и данок.
Од друга страна, на вработените им се нуди можност за дополнителна сметка за пензиско осигурување, каде вложените средства се инвестираат според строго утврдени законски прописи, со што се обезбедува највисока заштита на интересите на осигурениците и на нивните средства.