Поминаа две години откако златото достигна нови највисоки вредности на сите времиња и оттогаш неговата цена се движи во консолидација. Ако ги земеме во предвид економските случувања оваа година, инвестирањето на овој пазар беше доста фрустрирачки, со оглед на тоа дека златото реагираше исто како и останатите класи на следства, но сега открива импресивна количина на побарувачка и огромна можност за заработка.

Allstarcharts.com

Црвената линија во долниот дел ги претставува хеџ инвеститорите. Нивното позиционирање достигна нивоа што одговараат на значително дно за златото исто како во 2016 и 2018 година. Ова не мора да значи дека е дно за златото, но  значи дека сцената е поставена за експлозивен пораст.

Оваа есен, благородните метали започнаа да покажуваат краткорочна сила особено во последните неколку недели кое не може да се игнорира. Златото успеа да се издигне од своето критично ниво на поранешна поддршка, додека среброто успе да достигне нови шестмесечни врвови.

Gold futures chart
Silver futures chart

Тоа што сега сакаме да видиме е цените да се вратат до горните граници, но во моментот кога тие ќе ги остварат своите поранешни врвови, пазарот на бикови веќе ќе биде во тек и ќе имаме многу докажи да ја поддржиме тезата за пораст на златото и за долга позиција кај златниот метал.

Weekly chart

Златото во 2004 година се тргуваше на цена околу $400 за да во почетокот на 2011 година да достигне цена од скоро $2.000. Тоа е пораст од +350%. Замислете сега ако златото направи сличен потег во наредната деценија? Златото би достигнало цена од $9.000. За да ги постигнеме очекувањата за пораст на цената на златото на абсолутна основа, потребно е да изнајдеме доволно докази кои одат во прилог и ја поддржуваат нашата теза.

  • Златото ги надминува главните класи на средства

Кога средствата се во силен нагорен тренд, тие функционираат добро не само на абсолутна основа туку и на релативна основа и имаат тенденција да ги надминат останатите алтернативни класи на средства.

Gold vs. stocks

На графиконот може да забележите како златото наоѓа силна линија на поддршка наспроти акциите.

Слична слика имаме и кај цената на златото во однос на обврзниците. Односот GLD/TLT создава децениска формација на днотото. Без да случи пробив во однос на обврзниците, секое избивање на златото треба да се смета за сомнително.

Иста е приказната за златото наспроти берзанските стоки. Златото почнува на отскокнува на логично ниво на поддршка во однос на берзанските стоки. Не е случајно што почнуваат сите овие релативни трендови да го фаворизираат златото.

  • Производителите на благородни метали се придружуваат на забавата

Ако златото е на пат да порасне до $5.000 и повеќе, едно нешто што сигурно знаеме е дека акциите на компаниите кои учествуваат во ископување на златниот метал и го продаваат ќе имаат корист.

Gold & Silver miners Index

PHLX е индекс составен од 30-те најголеми компании за ископ на благородни метали што се тргува на берзата во Филаделфија. Се додека се наоѓаме над линија на отпор од 2016 година и таа прерасне во линија на поддршка можеме да очекуваме нова фаза и издигнувања за овие акции.

И двата графикони изгледаат многу слично и многу веријатно GDX да го следи истиот пат и да пробие и да се заддржи над линијата на поддршка.

  • Реалните приноси и американскиот долар

Ако реалните приноси продолжат да паѓаат, пазарот ќе продолжи да ги наградува инвеститорите во злато. Истото можеме да го кажеме и за доларот. Неговото слабеење секако дека оди во корист на златниот метал.

Изгледа дека златото е подготвено да биде еден од најдобрите изведувачи во 2023 година, доколку светот влезе во рецесија.

Во корист на златниот метал е и најновото истражување на World Gold Council кое сугерира дека овој тренд веројатно нема да се промени, бидејќи 25% од централните банки очекуваат дополнително да ја зголемат својата изложеност на благородни метали, во споредба со 21% минатата година.