Релативна загуба од 20% може да се врати назад со релативна добивка од 20%, но за апсолутни 20% загуба потребно е 25% добивка за да се израмни позицијата на нула. Ова се нарекува закон на проценти. Кога инвестирате, се препорачува сите апсолутни загуби да се одржуваат на минимум. Или како што вели поговорката “Не можете да ја трошите релативната добивка”. На пример, ако имате капитал од 100 евра и остварите загуба од 20%, Ви остануваат 80 евра. Сега, потребно е да остварите 25% добивка на останатите 80 евра за да се вратите на почетната состојба од 100 евра.

За било која сума на загуба, износот во проценти кој мора да биде остварен за да се вратите на првобитниот износ се пресметува со следната формула: потребен % добивка = % загуба/(1-% загуба).

Еве еден екстремен пример, за направени 50% загуба потребно е да остварите 100% добивка за да се вратите на почетното салдо. Имајќи во предвид колку е тешко да се инвестира и да се оствари 100% добивка, како инвеститори е потребно да ги скратите загубите пред да достигнете екстремни нивоа на загуба кои многу веројатно нема да можете да ги надоместите.