ЕУРУСД е еден од најважните валутни парови кој се следи поради неговата природа бидејќи ги претставува двете најголеми развиени економии во светот. Поголемата временска рамка кај валутниот пар ЕУРУСД покажува пауза на надолниот тренд, кое може да се потврди и со 200 неделниот подвижен просек кој е рамна позиција, без некоја насока, додека на дневниот графикон можеме да очекуваме  валутниот пар да се движи помеѓу 20 дневниот и 50 дневниот подвижен просек.

Рано е за да потврдиме дека дното е формирано. Тоа што треба е да го следиме валутниот пар во следните неколку дена/недели и да видиме дали ќе успее да пробие над 1.0750 кое е клучно ниво за да може да заземе долга позиција.