Друштва за инвестициски фондови

Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум инвест АД Скопје е формирано во 2009 година. Основачи на Друштвото се Publikum Holding DOO Ljubljana, Pom-Invest DD Maribor, Forlex S.R.L., и Комерцијална банка АД Скопје.
Друштво за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје е основано во 2008 година под името КД Фондови. Нејзиниот основен бизнис е управувањето со средства, односно остварувањето на финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните портфолија. Во февруари 2019 година, Друштвото КД Фондови се приклучи кон Групацијата Generali и во овие рамки ја продолжува својата долга традиција на обезбедување на професионални услуги за управување со средства со нов корпоративен идентитет.
ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје е Друштво за управување со инвестициски фондови, основано на 25.09.2014 година. Основна дејност на Друштвото е основање и управување со отворени инвестициски фондови, односно вложување на парични средства во свое име и за сметка на сопствениците на удели во отворените инвестициски фондови. Друштвото има дозвола да врши управување со средства за сметка на индивидуален клиент – сопственик на портфолио, како и да работи на инвестициско советување на клиенти.